​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Милошоски: Тимот за надворешна политика е многу слаб и компромитиран

Изјави 16 јануари 2022 12:02

Милошоски: Тимот за надворешна политика е многу слаб и компромитиранГраѓаните се уморни од неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ. Вие немате изборен легитимитет, вие не сте го добиле легитимитетот од граѓаните, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ги доведовте од живот за сите до криза за сите, од едно општество за сите, од надоброто …

Милошоски: Тимот за надворешна политика е многу слаб и компромитиран
Граѓаните се уморни од неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ. Вие немате изборен легитимитет, вие не сте го добиле легитимитетот од граѓаните, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ги доведовте од живот за сите до криза за сите, од едно општество за сите, од надоброто за мојата општина дојдовме до копање на биткоини од Елвис и Габриел – рече Милошоски.

Милошоски по однос на надворешната политика напомена дека Бујар Османи не е подобен да го води тој сектор и дека владата на СДСМ и ДУИ е таа која има добивано датуми кои никој не ги видел, а воедно со скандали го наруши имиџот на Македонија пред меѓународната јавност.

– Тимот за надворешна политика е многу слаби и компромитиран. Според мене досегашната влада ќе остане запаметена како единствена влада која 4 години нема амбасадор во Вашингтон. Сите зборуваме за стратешкиот партнер САД, но сега 4 години нема амбасадор. Имаа обид Фрчковски да го постават, но тој обид пропадна затоа што Фрчковски е единствениот за кого сме добиле вербална нота дека не е подобен да биде амбасадор и тоа владата ја рангира многу ниско во надворешната политика. Потоа и неуспешен обид да го пратат во Обединети нации. Трета работа е Миле Миленковски, кандидат за заменик на амбасадорот во ОБСЕ кој од Ерменија превезуваше бизнисмени и сега не е конзул, но е во Врање. Затоа предлогот за министер за надворешни работи не е добар, потенцираше Милошоски.

Тој истакна дека генерално пензионерите, студентите, просечните граѓани денес се осиромашени повеќе отколку пред 5 години кога СДСМ и ДУИ формираа влада.

– Владата на СДСМ и ДУИ не е решение за проблемите, бидејќи по 5 години се гледа дека самата влада е генератор на нови проблеми и кризи за граѓаните. Економска криза, здравствена криза, енергетска криза, топлинска криза, инфлациска криза, криза со пожарите, никој не сноси никаква одговорст и таа неодговорност ќе продолжи понатаму, нагласи Милошоски.

Тој посочи дека Ковачевски во програмата има континуитет со интересите на Заев и неговата фамилија и доказ за тоа е ставање како приоритет на легализирањето на трговијата со марихуана.

– Министерот Венко Филипче 3-4 пати останувал до полноќ единствено кога се разговараше за легализација на марихуана, но за среќа не помина. Ваквата работа не е потребна, а против тоа се земјите од регионот меѓу кои членките на ЕУ, Хрватска, Грција и Бугарија, затоа што ако за едно село Лазрат во Албанија цела ЕУ го стави на листа да биде санирано и да нема нелегална трговија, тогаш замислете каков проблем ќе биде во Македонија, тука нарко мафијата ќе најде прибежиште и затоа не ја правете Македонија да биде Колумбија во Европа, изјави Милошоски.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.