​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Мизрахи: Лажната самопрогласена елита има компас само за себе, а срам ни за себе, сограѓани, во оваа битка мора да стоиме обединети

Македонија 7 април 2020 14:26

Почитувани сограѓани,Јас сум родена во 1981 година. Мојата генерација растеше во остатоците од еден систем кој целосно се распадна додека нашето железо се уште се ковеше. Доживеавме распад и страотни слики од војни секаде околу нас. Паметиме воени конфликти, масакри, бомбардирања, инфлации, сиромаштија, конфузија, стар систем, нов систем, понов систем, стари вредности, нови вредности.Се бараше …

Почитувани сограѓани,
Јас сум родена во 1981 година.

Мојата генерација растеше во остатоците од еден систем кој целосно се распадна додека нашето железо се уште се ковеше. Доживеавме распад и страотни слики од војни секаде околу нас. Паметиме воени конфликти, масакри, бомбардирања, инфлации, сиромаштија, конфузија, стар систем, нов систем, понов систем, стари вредности, нови вредности.Се бараше од нас да се менуваме и постојано да се прилагодуваме. Но, најстрашно е сега.

Стигнавме до момент кога никој повеќе не верува, малкумина имаат надеж, а вистината е реткост. Алчноста ги извади оградите ветувајќи живот за сите но донесоа ѕидови од омраза бранејќи се од народот. Донесоа цинизам и демагогија проткаени низ бессрамно продавање лаги и ни наредија да ги викаме демократија додека трае нивната автократија.

Почитувани сограѓани, се чини дека ја водиме најголемата битка во нашите животи. Лажната самопрогласена елита има компас само за себе, а срам ни за себе. Безсистемноста која ја создадоа ќе посегне по повеќе животи од невидливиот непријател.

Затоа, сограѓани во оваа битка мора да стоиме обединети. За да победиме мора да бидеме живи и здрави. Седете дома! Ако излегувате нека биде тоа наменски. Користете маски и ракавици. Дезинфицирајте. Штитете се себе си и вашите најмили и додека си го штитите своето семејство штитете ги и туѓите. Во овој момент логиката е едноставна. Вашите родители се и мои, вашите браќа и сестри се мои браќа и сестри, вашите деца се и мои деца. Да го повторуваме ова секојдневно !

Потребни се ред и дисциплина, рационалност и самоконтрола. И најбитно од се, останете силни. Овој народ од секогаш знаел како да го најде летото во себе и кога зимата била најстудена. Овој народ верува во нашето сонце и кога е темно. Во крвта ни е.

Заедно сме ! Да победиме !

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Интервју со Рашела Мизрахи пратеничка во собранието на Р.М

19.12.2020

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

24:13

Интервју со Бране Петрушевски пратеник во собранието на Р.М

Интервју 28.12.2020
16:28

Интервју со Сергеј Попов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 26.12.2020
19:46

Интервју со Ели Панова пратеничка во собранието на Р.М

Интервју 25.12.2020
43:28

Интервју со Марија Андоновска член на И.К на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 24.12.2020
23:56

Интервју со Антонио Милошоски пратеник во собранието на Р.М

Интервју 22.12.2020
28:06

Интервју со Рашела Мизрахи пратеничка во собранието на Р.М

Интервју 19.12.2020
43:33

Интервју со Гордана Димитриеска Кочоска член на И.К на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 18.12.2020
56:53

Интервју со Љупчо Пренџов пратеник во собранието на Р.М

Интервју 17.12.2020
16:37

Интервју со Жаклина Пешевска претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 16.12.2020
8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.