Антони Марсијал би можел да си замине бесплатно од Манчестер Јунајтед ако клубот продолжи да води инает со него и да не го продаде.

 

Неговиот договор со ѓаволите истекува на крајот од идната сезона иако во него има клаузула за продолжување на уште една година ако двете страни се согласни. Најзаинтересиран за него е Јувентус, но калчолигашот не сака да плати 70 милиони евра, па можеби ќе почека до идното лето кога ќе може без отштета да го донесе напаѓачот во своите редови.

Јувентус е познат по тоа што добро ги следи договорите на фудбалерите и знае без отштета да ги донесе кај себе. Последен таков случај е оној со Емре Џан кој веќе го договори својот трансфер од Ливерпул.