Македонија ја очекуваат снег и температури до минус 15, надлежните подготвени

Викендот што следува на целата територија на Р. Македонија се очекуваат врнежи од снег, а во западните делови снежна покривка и над 50 сантиметри. Температурите во утринските часови ќе се симнат и до минус 15 степени. На денешната итна седница на Републичкиот кризниот штаб во координација со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски беше заклучено дека Македонија е подготвена да се справи со очекуваните врнежи од снег и ниските температури. Според прогнозите од УХМР од следната недела се очекува стабилно време со ниски температури во целата земја.