

Премиерот Груевски, денеска во рамките на својата посета на Државата Израел, во Ерусалим го посети медицинскиот центар Хадаса, каде оствари средба со менаџментот на болничкиот центар.Хадаса медицинскиот центар е еден од најнапредните кога станува збор за медицинската наука и примена на најсовремените методи. Со годишен буџет од половина милијарда долари, Хадаса центарот е лидер и …
Премиерот Груевски, денеска во рамките на својата посета на Државата Израел, во Ерусалим го посети медицинскиот центар Хадаса, каде оствари средба со менаџментот на болничкиот центар.Хадаса медицинскиот центар е еден од најнапредните кога станува збор за медицинската наука и примена на најсовремените методи. Со годишен буџет од половина милијарда долари, Хадаса центарот е лидер и во медицинските истражувања во целиот регион.Целта на посетата е воспоставување на соработка во делот на размена на медицински персонал, но и прием на пациенти за одредени области, како и разгледување на можностите за други форми на продлабочена соработка. За таа цел од страна на овластени лица од двете страни беше потпишан и Меморандум за соработка со медицинскиот центар Хадаса. Од страна на менаџментот на болницата беше посочено дека тие се отворени за разни видови на соработка и позитивно ги оценија заложбите на македонската Влада за размена на искуства . Во болничкиот центар работат 5 000 луѓе, а годишно се извршуваат 32 илјади операции од различен карактер. Истовремено се инвестираат дополнителни 40 милиони долари во отворање на најсовремени операциони сали каде што ќе се применуваат современи медицински зафати.