​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Македонија денес е завиена во црно бидејќи се чувствува продадена, погазена и уништена

Изјави 14 јануари 2019 16:06

Само владата за една намена, заглавена во криминогени делувања може да се радува на промена на Устав со цел промена на уставното име Република Македонија, македонскиот  идентитет, македонската историја, посебноста на својот народ. Само влада која има сериозни хипотеки, може да посегне и да го згази достоинството на народот, на пратениците, на собранието, на судскиот …

Само владата за една намена, заглавена во криминогени делувања може да се радува на промена на Устав со цел промена на уставното име Република Македонија, македонскиот  идентитет, македонската историја, посебноста на својот народ.

Само влада која има сериозни хипотеки, може да посегне и да го згази достоинството на народот, на пратениците, на собранието, на судскиот и обвинителскиот систем, само и само да ја исполни својата единствена цел на своето постоење- промена на Уставот со цел промена на уставното име на Македонија.  И потоа да се фали со тоа!

Само Зоран Заев и неговите однародени ликови во власта може да се гордеат со лагите и со бруталноста и со теророт врз волјата на народот, врз јасно изразената волја на граѓаните на референдумот од 8 септември 1991 година и потврден на 30 септември 2018 година.

Македонија денес е завиена во црно бидејќи се чувствува продадена, погазена и уништена. Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава!

ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го подржаа овој договор. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да се исправи неправдата во иднина.

Почитувани,  ништо не направија освен предавство и кариеризам!

Зоран Заев и оваа влада октроирана за едно прашање, ја заврши целта на постоењето со национална катастрофа, преку промена на име, идентитет, јазик, историја, култура, образование, промена на се што е македонско. И оваа влада тука завршува. Залудни се ветувањата, тие не го покриваат срамот со промена на името и идентитетот.

Лажната еуфорија ниту донела ниту ќе донесе подобро утре. Ниту можат, ниту знаат, ниту пак сакаат. Подобро утре бара работа, бара волја, бара почит, бара реформи. Подобро утре нема со згазен правосуден систем, со згазен парламент, со криминогена и коруптивна влада.

Македонија е фрлена на колена, народот е излажан и обесчестен. Економија на нула, уништеното здравство, неквалитетното образование, земјоделието скапува на нивите. Во две години власт, освен продажба на националните и државни интереси, сведочевме за криминогени тендери, партиска полиција, мафијашки престрелки на улици, нерасветлени убиства, уништено здравство, колапс во земјоделството. Не можат, не умеат, не сакаат и секој ден со нив ќе биде полошо.

Заев и вие од осрамениот СДСМ – не  бегајте од одговорност. Немојте да се криете зад партиските одлуки. Излезете на избори! Тоа се избори каде што ќе победи народот, каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена и горда Република Македонија.

Да живее достоинствена и горда Република Македонија!

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.