​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Лицемерието на СДСМ нема граници, од опозиција водеа кампања против вакцинирањето во ек на епидемија, а сега откако прогласија епидемија на морбили набавуваат вакцини во вредност од над 10 милиони евра

Изјави 5 јануари 2019 20:18

Ќе има ли одговорност и кој ќе одговара за епидемијата на морбили што ја зафати Република Македонија? Кампањите на Заев и Филипче чиј основен мотив беше дека ако граѓаните ја поддржат промената на името, со влезот во ЕУ ќе добијат поквалитетни вакцини веќе предизвикува катастрофа. ВМРО ДПМНЕ и пред референдумот побара оставки за неодговорното однесување …

Ќе има ли одговорност и кој ќе одговара за епидемијата на морбили што ја зафати Република Македонија? Кампањите на Заев и Филипче чиј основен мотив беше дека ако граѓаните ја поддржат промената на името, со влезот во ЕУ ќе добијат поквалитетни вакцини веќе предизвикува катастрофа.

ВМРО ДПМНЕ и пред референдумот побара оставки за неодговорното однесување и лажењето, но и Заев и Филипче избегаа. Дали повторно и Заев и Филипче ќе избегаат од одговорностa за епидемијата?

Лицемерието на СДСМ нема граници. Од опозиција во 2011 година водеа кампања против вакцинирањето во ек на епидемија, а сега откако прогласија епидемија на морбили набавуваат вакцини во вредност од над 10 милиони евра и се закануваат со казни за невакцинираните.

Според СДСМ од опозиција масовното вакцинирање никогаш не се практикува во ек на епидемија, затоа што бил потребен период за да се создаде имунитет а самата вакцинација не е доволна да се спречи епидемијата. Според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите. На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега?

Односот на власта кон клучни прашања за  здравјето на граѓаните покажува дека тие единствено водат грижа за собирање на ситни политички поени и на ништо друго. Последица од прибирањето на ситни политички поени е и ситуацијата  со  епидемијата која директно е причинета од неодговорноста на СДСМ.

Обвинуваа дека вакцинацијата е бизнис идеја, а сега набавуваат вакцини за над 10 милиони евра, во ек на епидемија. Крајно лицемерие и неодговорност кон граѓаните и кон нивното здравје.

Тогаш ги убедуваа граѓаните дека вакцините се штетни, а сега им се закануваат! СДСМ менува ставови за политичките поени.  Политички поени не смеат да се прават на грбот на децата!

Граѓаните секојдневно ги согледуваат лицемерието и неспособноста на оваа власт. Овие црнила мора да си заминат. Црното владеење на СДСМ ќе заврши! Ќе изгрее зората за Македонија!

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.