Лицата со посебни потреби конечно добија справи и реквизити за вежбање

Лицата со посебни потреби добија можност да се рекреираат и да вежбаат на справи и реквизити на бесплатни часови, под стручен надзор, во средните училишта на Град Скопје „Михајло Пупин“ и „Здравко Цветковски“. Лицата со посебни потрени во училиштето „Михајло Пупин“ ќе може да вежбаат секој вторник и четврток. Во 19:00 часот, спортско рекреативни активности ќе има за лицата со телесен инвалидитет, а во 20:00 часот за лицата со оштетен вид. Во училиштето „Здравко Цветковски“ ќе може да вежбаат секој вторник и петок. Во 19:00 часот лицата со интелектуална попреченост, а во 20:00 часот ќе има спортско рекреативни активности за лицата со оштетен слух. Овој проек го реализира Секторот за јавни дејности, преку Одделението за социјална детска и здравствена заштита и Одделението за спорт и млади, како и здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје.