Ливерпул – Манчестер Сити вечерва

Двата тима ќе го пренесат ривалството од домашното првенство на европска сцена. Никогаш во минатото не се сретнале во европските турнири. Меѓутоа Ливерпул и Сити два пати се сретнале во елиминациски натпревари, во Лига Купот, и во двата случаи на крајот победници беа „црвените“.