Леопард навлегол во комплексот згради во училиште во град во Индија и притоа повредил шест лица, додека истите се обидувале до го фатат. Меѓу повредените се и еден локален зоолог, вработен во шумското стопанство, како и телевизиски камерман кој ја снимал „борбата“ на луѓето со опасното диво животно. Леопардот бил забележан во училиштето вчера во раните утрински часови, а бил заробен и ставен под контрола дури по повеќе од десетчасовна „борба“. Животното потоа било вратено во шумата, која е Национален парк. Шумарите на парковите објаснуваат дека не е првпат некоја од „големите диви мачки“ да излезат од шумите и да навлезат во населени места, предизвикувајќи проблеми за луѓето, но не ретко страдаат и животните. Според проценките на експертите, во Индија има меѓу 12 и 14 илјади леопарди.