​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Лебот поскапува за 20 проценти поради заради неодговорноста и незаинтересираноста на оваа црна власт

Изјави 6 декември 2018 19:24

Лебот поскапе, а власта се прави слепа и дека не го гледа тоа. Основниот прехранбен продукт поскапува за 20 проценти заради неодговорноста и незаинтересираноста на оваа црна власт. Тоа што власта за една намена е неспособна да се справи со реалните проблеми, тоа што оваа црна власт не знае што да преземе во економијата, во …

Лебот поскапе, а власта се прави слепа и дека не го гледа тоа. Основниот прехранбен продукт поскапува за 20 проценти заради неодговорноста и незаинтересираноста на оваа црна власт. Тоа што власта за една намена е неспособна да се справи со реалните проблеми, тоа што оваа црна власт не знае што да преземе во економијата, во земјоделството, со инвестициите, го плаќа народот!

На оваа криминогена власт и се одмотува спиралата на поскапувања. Цените на лебот во секоја држава се најстабилни и ја отсликуваат состојбата на земјоделството и економијата воопшто.

ебот поскапува заради лошите мерки, недостаток на квалификувана работна сила, зголемување на цената на пченицата во последните месеци за 40%, поскапување на енергенсите. „Зелената нафта“ која што ја ветија ја нема, а цената на горивото за механизацијата од 37 денари поскапе на 69 денари за литар. Цената на пченицата се формира врз основа на цените пред жетвата, а годинава пред жетвата на пазарот беа пуштени огромни количества пченица по цена од 7 до 8 денари, како и увезено брашно од Србија и од Косово и цената за македонските производители остана депласирана.

Црно правило е дека кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна. Министерството не треба да реагира отпосле, туку да превенира. Доколку знае како.

ВМРО- ДПМНЕ во јули укажуваше на опасност од колапс и поскапување заради неодговорноста на власта. Апелиравме на покачување на откупната цена на пченицата со што парите ќе останеа кај домашните производители и преработувачите, а тоа ќе создадеше и стабилност на пазарот со откупувања на сите произведени количини. Наместо тоа македонската пченица завршуваше на странски пазари. Укажавме дека заради неатрактивност и неисплатливост на производство на пченица значително ќе се намалат површините под сеидба на лебно зрно, што и се случува.

Министерството за земјоделство потфрли во сите ресорни гранки. Ниедно од ветувањата до земјоделците не исполнија. Ветуваа загарантиран откуп, а луѓето во Ресенско ги фрлаа јаболките на буниште. Луѓето во Струмичко ги фрлаа нивните родови на буниште, зелките, сливите во Пијанечко и Малешевијата завршија исто така на буниште. Оризопроизводителите исто така во Кочанско. Праските во Росоман останаа необрани, маката на земјоделецот остана необрана.

Колку подолго ја злоупотребуваат државата со својата неспособност, толку поголема ќе биде цената која што сите ние ќе ја плаќаме.

Ги излажаа земјоделците, животот им го загорчеа, трудот им го зацрнеа, народот го осиромашија. Приклучете се на протестите секоја среда пред Влада, за што поскоро да го видиме грбот на оваа криминогена и неспособна власт.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.