​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Лашкоска:Aболираниот криминалец Заев како министер за финансии ќе управува со над 10 финансиски институции, царина, финансиска полиција…

Изјави 24 јуни 2019 14:24

Вчера бевме сведоци на етаблирањето на апсолутизам во Македонија од страна на Заев. Уште еднаш се потврди дека со Заев наместо реформи и напредок на земјата се случува континуирано пропаѓање на преспективите и вредностите. Тој вчера се устоличи во султан, и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии. Замислете Зоран Заев, …

Вчера бевме сведоци на етаблирањето на апсолутизам во Македонија од страна на Заев. Уште еднаш се потврди дека со Заев наместо реформи и напредок на земјата се случува континуирано пропаѓање на преспективите и вредностите.

Тој вчера се устоличи во султан, и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии. Замислете Зоран Заев, аболицираниот за финансиски криминал , човекот кој го видовме како нелегално бара едно евро за Вицето, едно за црквата, стана министер за финансии, односно ќе стане од среда министер за финансии, кој непосредно ќе располага со парите на граѓаните.

Од оваа среда семејството Заеви, Зоран Заев и веројатно Вице Заев ќе имаат управа над 10 клучни институции. Управувањето со ова министерство директно од страна на Заев, значи дека со него тој лично воспоставува контрола и врз институции како Царина, УЈП, Финансиска полиција, Управа за финансиско разознавање, Секторот за трезорско работење, Игрите на среќа, Централниот регистар, Управата за имотно правни работи, стоковите резерви, управување со јавен долг, системот за банки и штедилници, системот за девизно работење, системот за ревизија,  и неколку помали други институции. Ова значи дека безмалку целиот финансиски сектор во државата е чекор поблиску за контролирање од страна на кланот Заеви.

Епа среќна нова 49та. Заеви управуваат со милијардите на граѓаните.

Со право јавноста се прашува дали сите овие институции ќе овозможат непречено да функционира принципот евро за Вицето – евро за црквата кој го патентираа во Струмица додека Заев беше градоначалник.

Зоран Заев е човекот кој ќе одлучува за тоа колку државата ќе се задолжува и за што. За милионски задолжувања ќе одлучува човекот кој бараше мито од 200.000 евра.

Да биде симболиката уште поголема тој ова го направи, наместо во Собранието на Република Македонија, во Валандово истото место кај што пред 9 години најави дека живи луѓе ќе јаде ако дојде и на власт и ќе се опкружи со партиски послушници се од чистачка па до министер.

За жал следат уште поцрни денови, бидејќи се што фати Заев  упропасти. Беше прв човек на Телото за реформи во судството, а од тоа видовме само како си обезбеди нова амнестија за очигледен криминал. Заев си зададе клучна улога во дипломатијата, а донесе штетни договори за Македонија која патем сеуште чека датум за почеток на преговори со ЕУ.

Се постави како надлежен над тајните служби, а сега станува и министер за финансии.

Замислете после судството, дипломатијата, тајните служби сега и народните пари се директно во рацете на аболициран премиер во Република Македонија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.