Културни проекти за секој град во Македонија, поддршка за уметниците како никогаш до сега

Културата и проектите за заживување на културниот живот во Македонија се една од главните фокус точки на Владата.Она што во изминатите неколку години е направено во областа од културата и афирмација на уметниците е вистинско културно освежување на целата територија на државата и во сите сфери на уметноста.За време на вчерашната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на новиот Дом на културата во општина Кисела Вода, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска потсети дека и во Валандово, Гевгелија, Велес е инвестирано во нови театри, а целта е да се вложува и во локалниот културен развој .Интензивно се работи и на турскиот и тетовскиот театар, додеа пак албанскиот театар е под целосно реновирање.Министерката најави дека ќе се работи и на Драмски и на Театар комедија.Избрано е идејно решение, проектот е направен, а во план е до крајот на годинава да биде затворен делот за проектирање на објектот и од 2017 да почне постапка за градба. Проектот со кино мрежата е доста успешен, направени се 20 кина низ градовите во државата, онаму каде што до сега немало таков објект за кино проекции.Исто така продолжуваат и откупите на слики од македонски ликовни уметници.Направени се и изложби а веќе е објавен и новиот конкурс за откуп на ликовни дела за оваа 2016 година.Традиционално како секое лето изминативе 9 години и оваа година се продолжува со Летниот културен бран. А Дојран годинава е градот на културата кои имаат посебен буџет од 2 милиони денари кој е насочен само за нивната богата програма.Секој град во Македонија има посебна специфична култура, а проектите кои се реализираат во секој град поединечно имаат за дел да се зачуваа таа автентична традиција и да се пренесе на идните генерации.