КСЕС: Оценувањето на судиите е со цел спроведување правда со највисок можен квалитет

Оценувањето на работата на судиите се врши со цел да се оцени способноста на поединечните судии како и квалитетот и квантитетот на нивната работа. Оценката се користи за обезбедување повратни информации како и подобрување на квалитетот на правосудниот систем.
Ова е наведено во Мислењето број 17 на Консултативниот совет на европските судии кое денеска го презентираше Ѓуро Сеса, судија на Врховниот суд на Република Хрватска и потпретседател на КСЕС на тркалезната маса на тема „Домашни искуства и меѓународни стандарди за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите“.
– Евалуацијата на секоја интелектуална работа не е едноставна и не може да се мери со вреднувањето на некој друг, иако во јавноста има обиди тоа да се направи. Постојат некои стандарди во Европа кои треба да се задоволат. Основната цел на оценувањето е да се постигне поголема доверба на јавноста кај судиите за да се зголеми квалитетот на судските одлуки и општо довербата и квалитетот на судот кон граѓаните, истакна Сеса.
Зафировска појасни дека со новиот закон евалуацијата на судиите се врши на две години за разлика од претходно кога се оценувале на една година.