​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Криминалната власт на Зоран Заев во заминување спроведува брутална партизација на администрацијата

Изјави 14 јули 2019 13:28

Криминалната власт на Зоран Заев во заминување спроведува брутална партизација на администрацијата. Тоа што Зоран Заев се самопостави себеси за министер за финансии отвори огромна дупка во контролата врз нови партиски вработувања кои што би имале штета врз државниот буџет. Моментално нема одговорен државен функционер кој би му кажал на Заев каква штета предизвикува новиот …

Криминалната власт на Зоран Заев во заминување спроведува брутална партизација на администрацијата.

Тоа што Зоран Заев се самопостави себеси за министер за финансии отвори огромна дупка во контролата врз нови партиски вработувања кои што би имале штета врз државниот буџет. Моментално нема одговорен државен функционер кој би му кажал на Заев каква штета предизвикува новиот бран на вработувања врз државниот буџет. Заев како министер треба да го предупреди Заев како претседател на Владата за штетата која се предизвикува  во  јавната администрација и државниот буџет.

Оваа власт знае дека ја губи моќта и решава на провиден начин колку толку да ги задоволи незадоволните партиски послушници во последниот час пред новите избори. Сведоци сме на нов бран на нови 107  вработувања во Бирото за јавни набавки, во јавното претпријатие за државни патишта, во Јавното сообраќајно претпријатие, во Академијата за судии и јавни обвинители, во МНТ, а и во Управата за финансиска полиција.

Сите овие вработувања немаше да бидат спорни доколку институции ги немаа изменето своите акти за систематизација за да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои се однапред познати.

На пример, во Генералниот  секретаријат на Владата, под палката на Рашковски, кој слушнавме како мести тендери, а и според сведочења од тамошните вработени безмилосно се однесува кон послабите од него само затоа што му се може, минатата година безмалку десетпати се сменила систематизацијата на институцијата.

Согласно нашите податоци, во 2018 година оваа себична власт во државниот и јавниот сектор вработила над 20 000 лица кои се нестручни за работните места, но се во блиска роднинска врска со луѓе од власта или се партиски послушници.

Па така, за пример, 27 нови некомпетентни кадри ќе бидат вработени во Управата за финансиска полиција кои што на месечно ниво ќе ја празнат државната каса за 14 000 евра, а на годишно ниво од државната каса за партиските послушници на оваа власт ќе се одлеваат 168.000 евра или 10.332.000,00 денари.

Ниеден државен инспектор не се осмелува да реагира по повод овие неправилности кои се прават во јавната администрација поради ризикот да ја изгуби својата работа под притисок на моќниците од власта.

Јавната администрација е претрупана со некомпетентни кадри. Секоја чест на исклучоците кои мака мачат со своите колеги кои се вработени со повластици, а не си ја работат работата. Непартиските јавни службеници се обесправени, малтретирани и омаловажени. Наместо подобрување на администрацијата како сервис на граѓаните, секој ден назадуваме во спроведувањето на европските стандарди и пракси поради неодговорноста на оваа власт.

Народот гледа, цени и памти. Сведоци сме дека вакво страдание проследено со скандали и тешки измами, проневери, партиски вработувања и државни скандали Македонија не памти.

Овие чекори се последната сламка на спасот на Зоран Заев и неговата екипа која секојдневно го шокира светот и ја срами државата. После ова скандалозно владеење знаат дека нема никогаш повеќе  да допрат до власт.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.