Костовски: СДСМ преку Општина Бутел врши предизборен поткуп од половина милион евра

Изјави

СДСМ и Зоран Заев на големо се подготвуваат да извршат предизборен поткуп на изборите. Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, одвојува половина милион евра за предизборен поткуп, директно од Буџетот на бутелчани. Предвидени се 28 милиони денари за 22 вработувања во времетраење од 12 месеци. Аналогно на ова ако се пресмета просекот, просечната месечна плата за …

СДСМ и Зоран Заев на големо се подготвуваат да извршат предизборен поткуп на изборите. Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, одвојува половина милион евра за предизборен поткуп, директно од Буџетот на бутелчани. Предвидени се 28 милиони денари за 22 вработувања во времетраење од 12 месеци. Аналогно на ова ако се пресмета просекот, просечната месечна плата за овие 22 луѓе треба да биде околу 100.000 денари, изјави на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел Дарко костовски.

-Па еве јавно да го прашаме Велимир Смилевски, каков кадар ќе вработува? Научници ли ќе вработува за просек 100.000 денари плата? Според информациите кои стигнаа до нас, ова е стратегија на Зоран Заев за предизборен поткуп. Јавно прашуваме, дали е вистина дека Зоран Заев лично ги повикувал градоначалниците од редовите на СДСМ и им дал насока и списоци да вработат околу 50.000 луѓе и дали оваа операција на предизборен поткуп ќе ги чини граѓаните над 20 милиони евра? Ова е сериозна закана за изборниот процес. Само во администрацијата овој период се вработени над 6.000 нововработени, сите по партиски списоци и со партиска нарачка директно од штабот на СДСМ, потенцираше Костовски кој подвлече:

„Сега, предизборниот поткуп се префрла во локалната самоуправа каде што е СДСМ и во општините со кои владее. Велимир Смилески наместо да троши половина милион на нови вработувања и предизборен поткуп, треба да почне да си ги реализира проектите и ветувањата. До сега нема реализирано ништо. Апелираме до институциите, да го следат овој процес на предизборен поткуп со нови вработувања низ општините во предизборниот период и да реагираат. Зоран Заев и СДСМ се виновни за целата стагнација и сите неуспеси кои што ни се случуваат.“

 

Прикажи повеќе Сокриј