Корисниците на социјална помош згрозени што партиски војник на Ременски ги прегледува нивните лични податоци

Заштитата на личните податоци е едно од основните права и слободи на граѓаните на Република Македонија, но со поставувањето на Фросина Ременски за Министер за труд и социјална политика, ова право на македонските граѓани им е скратено. Граѓаните се сериозно загрижени, револтирани и згрозени од ваквите потегот Ременски која нареди секој документ кој значи одговор на Министерството до граѓаните да биде претходно одобруван од претседателот на комисијата на СДСМ Мила Царовска! Оваа одлука е скандалозна претставува и сериозна злоупотреба на лични податоци. Со ова СДСМ не само што се става над граѓаните, туку се става и над законот и Уставот на Република Македонија. Ова е апсурдно, вели Билбиловска и не знам како може некој да помисли и да си го дозволи ова.Таа им се обрати и на сите асоцијации и Невладини организации кои тврдат дека се борат за правата на граѓаните ги запраша: Каде сте сега? Но, ваквиот шаблон на удар врз населението од оваа категорија граѓани по се изгледа дека е практика на опозицијата. За крај, Билбиловкса во име на граѓаните, упати порака и прашање до Ременски, Царовска и СДСМ: Дајте ни ги Вие нам вашите документи, па граѓаните да ги проверат како што тоа го правите вие.