Концептот на слободни здравствени зони проширен со бањско климатско лекување

Предлог законот за слободните здравствени зони е веќе усвоен на Влада и влезен во собраниска процедура. Станува збор за концепт за привлекување на странски капитал во слободните здравствените зони со што ќе овозможи развој на здравствениот туризам. Инвеститорите покрај тоа што во зоните ќе можат градат болници, ќе имаат можности и да пружаат и бањско-климатско лекување со сместување и физикална медицина и рехабилитација. Бањско-климатското лекување ќе можат да го користат и македонските и странските државјани, а доколку корисникот на зоната склучи договор со Фондот, тогаш македонските пациенти ќе можат со упат да користат бањско-климатско лекување како продолжено болничко лекување. Тодоров посочи дека концептот за слободни здравствени зони веќе е развиен во Дубаи, Турција и Јужна Кореја и се покажал како доста успешен.