​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Колку пари има изрекетирано Бојан 13 од посредништвото кое што му го обезбедил Кирацовски?

Изјави 6 септември 2019 14:43

Истрагата за случајот РЕКЕТ е компромитирана и девалвирана. Распитот на инволвираните во целиот случај РЕКЕТ доцни повеќе од четири месеци. Вилма Русковска ја компромитираше целата истрага со развлекувањето на целиот случај. Така развлекувајќи ја истрагата Русковска ги штити вистинските нарачатели на милионскиот РЕКЕТ, сите знаат дека Боки 13 не рекетирал сам. Водејќи ја истрагата надвор …

Истрагата за случајот РЕКЕТ е компромитирана и девалвирана.

Распитот на инволвираните во целиот случај РЕКЕТ доцни повеќе од четири месеци. Вилма Русковска ја компромитираше целата истрага со развлекувањето на целиот случај.

Така развлекувајќи ја истрагата Русковска ги штити вистинските нарачатели на милионскиот РЕКЕТ, сите знаат дека Боки 13 не рекетирал сам.

Водејќи ја истрагата надвор од принципите на правото, наместо да ги спречи нарачателите да влијаат врз сведоците, истите за кои има индиции дека се нарачатели и посредници цели четири месеци имаа простор да прават што сакаат со доказите и сведоците и да влијаат буквално врз кого сакаат.

Кирацовски и самиот призна дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени со сите оние кои биле предмет на рекетирање.

Четири месеци на обвинителството им требаше за да смислат лага дека Кирацовски само еднаш се сликал со Боки 13 како главно оградување од неговото учество во рекетирањето, а всушност целата јавност виде на слика дека Кирацовски имал и повеќечасовни лични дружби со Боки 13 каде што свират и пеат во дует во скопски кафеани. Сепак тоа личи на луѓе кои не се гледаат прв пат и кои имаат што да прослават заеднички.

Главното прашање е следново: За што и кај кого се му посредувал Кирацовски на Боки 13? Ако знаеме дека посредувал кај бизнисмен и градоначалник од редовите на СДСМ, што му посредувал и што се им кажал за да ја договори целата средба?

Колку пари има изрекетирано Бојан 13 од посредништвото кое што му го обезбедил Кирацовски?

Дали дел од стекнатата корист на Боки 13 завршила и кај Кирацовски?

Кога обвинителството ќе даде одговор на сите овие прашања?

Дали Кирацовски беше сменет од функцијата втор човек на СДСМ заедно со Фросина Ременски заради инволвираноста нивна во случајот РЕКЕТ?

Одговор на овие прашања мора да има, иако јавноста веќе е свесна и ги знае одговорите. Покрај одговори мора да има и делување и акција од страна на обвинителството.

Пред нос ни се случува најголемата рекетарска афера во Република Македонија, а обвинителството на Љубомир Јовевски и Вилма Русковска ја развлекуваат целата истрага  и се обидуваат да ја забошотат.

Одговорност за сите криминалци мора да има и тоа мора да има  многу брзо.

Потребни се предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа  откако СДСМ ќе падне од власт ќе почне Обнова на Македонија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.