​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Кога Оливер Спасовски и Зоран Заев ќе си дадат оставки како одговорни за скандалот со прислушувањето на јавните обвинители?

Изјави 4 декември 2018 14:57

Петти ден како Јавното Обвинителство се уште нема конкретен одговор на прашањата што ги чека јавноста. Петти ден како Оливер Спасовски и Зоран Заев се однесуваат како ништо да не се случило, а најмалку дека масовно и нелегално се прислушувале обвинителството, обвинителите и нивните соработници. Петти ден како Зоран Заев и Оливер Спасовски бегаат од …

Петти ден како Јавното Обвинителство се уште нема конкретен одговор на прашањата што ги чека јавноста.

Петти ден како Оливер Спасовски и Зоран Заев се однесуваат како ништо да не се случило, а најмалку дека масовно и нелегално се прислушувале обвинителството, обвинителите и нивните соработници.

Петти ден како Зоран Заев и Оливер Спасовски бегаат од одговорност и не даваат оставки како најодговорни за скандалот со масовното прислушување на обвинители и нивните соработници.

Кога Оливер Спасовски и Зоран Заев ќе си дадат оставки како одговорни за скандалот со прислушувањето на јавните обвинители?

Самиот јавен обвинител призна дека се прислушувало од 30 септември 2016, периодот кога е Оливер Спасовски министер во МВР. Потврдата на јавниот обвинител е уште еден доказ дека се неопходни оставки од Оливер Спасовски и Зоран Заев.

Цели две години ги прислушувале обвинителите и треба уште веднаш да одговорат, кој прислушувал, зошто прислушувал, за чии цели прислушувал, кој се ги има разговорите од прислушувањето и дали разговорите биле предмет на уцени за политички цели?

Зоран Заев и Оливер Спасовски немаат повеќе кредибилитет да бидат на своите позиции. Јавниот обвинител исто така повеќе нема кредибилитет да биде на својата позиција. После ваков скандал, морално е да си дадат колективни оставки и да се тргнат од случајот за да не пречат во истрагите.

Ова што се случува во Република Македонија е жалосно. Нема ниту правда, нема ниту правдина. Има само заробено обвинителство и судство кое е под директна контрола и надзор на Зоран Заев и Оливер Спасовски, кои пак ги користат за свои лични политички цели и лични пазари.

Затоа, сите оние што се револтирани од оваа влада на СДСМ која само ја зацрнува Република Македонија, заедно со нас во среда, рамо до рамо, во 17 часот тргнуваме од Плоштад ВМРО до пред Владата да го искажеме револтот и да побараме оставка од оваа криминална Влада и конечно после тоа да донесеме суштински промени во Република Македонија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.