​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Ковачки: СДСМ и ДУИ изгласаа Влада само со 62 пратеника, мнозинството е нестабилно

Изјави 17 јануари 2022 15:41

СДСМ и ДУИ изгласаа влада со само 62 пратеници, а недели наназад зборуваат како имаат стабилно мнозинство. Ова ли е тоа стабилно мнозинство? Мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе, нестабилни и нефункционални.  Старо-новата Влада од истрошени и компромитирани кадри на чело со пиунот Ковачевски, нема никаков легитимитет, капацитет и авторитет да ја води, …

СДСМ и ДУИ изгласаа влада со само 62 пратеници, а недели наназад зборуваат како имаат стабилно мнозинство. Ова ли е тоа стабилно мнозинство? Мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе, нестабилни и нефункционални. 

Старо-новата Влада од истрошени и компромитирани кадри на чело со пиунот Ковачевски, нема никаков легитимитет, капацитет и авторитет да ја води, а уште помалку да ја извади државата од вкупно 4-те прогласени кризни состојби на територија на Македонија, како и од блокадата на нашиот пат кон ЕУ. 

За 4-те кризни состојби и генерално лошата состојба во државата, одговорност има и денешниот нов премиер, кој како досегашен заменик министер за финансии и близок соработник на Зоран Заев, учествувал во креирањето на погрешните политики кои во последните 5 години направија пустош на полето на економијата, образованието, здравството, а кризниот менаџмент го сведоа на имровизации. 

Старо-новата Влада нема народен легитимитет и таа е производ на тешкиот пораз на СДСМ на локалните избори. Таа е континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста.

Во делот на капацитетот, погледнете го составот на Владата и ќе видите дека СДСМ, бега од клучните ресори на кои во моментов паѓа најголемиот товар во менаџирањето со кризите. 

Енергетската криза ќе ни ја менаџираат кадри на ДУИ и на Алтернатива, здравствената  ќе ни ја менаџира кадар на Алтернатива,а со блокадата во ЕУ интеграциите продолжува да менаџира Бујар Османи. СДСМ знае дека на сите овие полиња потфрлиле и затоа бегаат.

Главната алка во кризниот менаџмент, односно Дирекцијата за заштита и спасување, продолжува да ја води ДУИ.

Со бегањето на СДСМ од клучните ресори, менторот Заев кој што ја состави Владата, на многу перфиден начин преку пионот Ковачевски се обидува да ја поларизира состојбата и да ја втурне државата во дополнителна неизвесност. 

Оваа Влада има за цел да го заштити Заев и неговите криминали, затоа Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи.

Оливер Спасовски кој веќе 7-ма година го води МВР, наместо да се бори со криминалот и насилството, тој институционално ги практикува и двете. Тој дозволи името на Вице Заев да исчезне од кривична пријава за рекет во РЕК Битола, тој не го повика Трајче Заев на информативен разговор кога неговиот шофер беше фатен во шверц на дрога, тој е кумот на издавањето 215 пасоши на белосветски криминалци. А неговиот шеф на кабинет и најблиска соработничка која учествуваше во сите овие процеси, г-ѓата Славјанка Петровска, сега треба да ја води одбраната.

Љупчо Николовски кој ги уништи тутунарите со дозволувањето на увоз на тутун, а додека беше вицепремиер се прослави со заплената на една кутија путер не е ништо друго туку продолжена рака на Заев и мафијата.

Евроинтеграциите ќе ги води Маричиќ, кој уште не разреши кој прислушкуваше во ЈО, кој вршеше притисоци врз судии и обвинители и кој нема ниту една успешна реформа.

Со министерството за транспорт и врски ќе раководи Благој Бочварски, кој никој не знае дека е министер, зошто ништо нема направено.

Со оваа Влада без легитимитет, капацитет и авторитет, Македонија ќе продолжи да тоне. 

Токму затоа, на Македонија и се потребни избори кои ќе ја рефлектираат волјата на народот, а Владата ќе биде легитимна и одлучна во борбата со криминалот и корупцијата и ќе донесе нова иднина за сите граѓани на државата. 

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.