Кирков: Катастрофални услови во зоолошката градина во Битола

Изјави

Власта се однесува нехумано со животните. Спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, животни се измачуваат и живеат во нехумани услови во државни установи, изјави на денешната прес-конференција, Стефан Кирков, од ВМРО-ДПМНЕ. -Овие слики кои ги гледате зад мене се направени пред само неколку дена во зоолошката градина во Битола, од нив може …

Власта се однесува нехумано со животните. Спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, животни се измачуваат и живеат во нехумани услови во државни установи, изјави на денешната прес-конференција, Стефан Кирков, од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие слики кои ги гледате зад мене се направени пред само неколку дена во зоолошката градина во Битола, од нив може да се види дека животните се сместени во нехумани услови. Дел од животните подлежат на тортура, тоа можеме да го видиме од фотографиите, од кои се гледа дека дел од нив се гладни, ранети, без едно око или со оштетено крзно речиси без никаква нега. Лошите услови се фактичка состојба подолг период наназад. Три години апсолутно ништо не е направено во оваа институција Зоолошка градина Битола. Ситуацијата е дотолку катастрофална затоа што битолската зоолошка градина е полна со животни од скопската зоолошка градина, кои откако ќе бидат испратени таму подлежат на тортура и измачување. За измачувањето на животните од скопската зоолошка градина треба да понесе и директорот Ѓорѓи Галетановски, кој свесно дозволува престој на животните од скопската зоолошка градина во Битола, а притоа знаејќи ги условите во кои се наоѓа битолската зоолошка градина. Условите во ЗОО Битола се под сите стандарди. Оваа зоолошка градина не смее да продолжи со работа. Власта веднаш да ја затвори и да не се дозволи понатамошна тортура на животните, истакна Кирков.

Ги повикуваме сите друштва за заштита на животни заедно со нас да покренеме меѓународно внимание за ова установа и да иницираме веднаш оваа установа да се затвори а животните да се дислоцираат низ европските зоолошки градини каде ќе имаат пристоен живот. Ние ќе испратиме и повик до ОАЗА тоа е светската организација за зоолошки и аквариуми, нивни претставници да дојдат дирекно во Битола за утврдување на состојбата и ќе побараме истата да се затвори но да има и одговорност. Одговорност мора да има, додаде тој.

Прикажи повеќе Сокриј