Владата на Народна Република Кина, преку телекомуникацискиот гигант „Хуавеи“ ќе донира опрема во износ од седум милиони евра за средните училишта во Град Скопј. За оваа донација, денеска беше потпишан меморандум во Рига, каде македонската Влада ја претставуваше премиерот за спроведување на избори Емил Димитриев.Како дел од активностите на маргините на Самитот на земјите од Средна и Источна Европа со НР Кина во Рига, премиерот Димитриев и владината делегација, денеска остварија средба со менаџерскиот тим на кинеската компанија „Хуавеи“ за Средна и Источна Европа.Покрај за можностите за соработка во образованието и други сектори, на средбата се разговарало и за можностите за инвестирање на „Хуавеи“ во Република Македонија. Оваа средба е во рамките на три дневната работна посета на Рига каде централен настан е утрешниот Петти состанок на шефови на влади на земјите од средна и источна Европа и НР Кина.