Канадска компанија започна со работа, најавени 200 вработување, младите да аплицираат

Денеска официјално започнува со работа инвестицијата на канадската компанија „OneContact“ која инвестираше во отворање на нов кол центар во Скопје, во кој ќе се вработат најмалку 200 граѓани. One contact center е канадска компанија од услужниот сектор, од областа на телекомуникациите а ќе се врши и анализа на податоци.Инвеститорот Асиф Чаудари информира дека се започнало пред две години во Торното каде што на конференција бил запознаен со инвестициските можности во Македонија. Истакна благодарност до Мизо како и до целата Влада што му е овозможено да инвестира во МакедонијаМакедонија води отворена политика за привлекување на странски инвестиции, а напорите на Владата даваат резултати, вели Мизо.Во кол-центарот се вработени млади луѓе од земјава, кои поминале соодветна обука и се стекнале со дополнителни знаења за да можат да го обавуваат работниот процес. Странските инвестиции во земјава отворија повеќе од 17.000 нови работни места. Структурата на она што го нуди земјава на меѓународниот пазар е сосема променета. Се извезува доста поширока палета на производи и услуги, со поголема додадена вредност. Исто така, се поттикнува претприемништвото кај домашните компании со што се зајакнува приватниот сектор во земјава.