Кампања за дополнителна едукација на возачите почетници „Млад возач, безбеден возач“

„Млад возач, безбеден возач“ е насловена камапањата за дополнителна едукација на возачи почетници, што денеска беше промовирана од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Порше Македонија, Мотоцентарот и Игор Стефановски – Иџе, со помош на Спортскиот центар „Борис Трајковси“ – Скопје. Ваков проект прв пат се реализира во Македонија и сериозно ќе ја унапреди едукацијата и ќе ја подигне сообраќајната култура кај младите учесници во сообраќајот, а со тоа ќе придонесе и за намалување на бројот на сообраќајните незгоди и жртвите во нив. Маркетинг менаџерот на Порше Македонија Дејан Ѓорѓиевски, посочи дека едукацијата на возачите почетници има посебно значење во сообраќајот особено поради високиот степен на моторизацијата, како и зголемениот број на малолетни лица кои учествуваат во сообраќај како возачи на возила од различни категории. Мотоцентар како општествено одговорна компанија ги поддржува и во иднина ќе се залага за сите настани кои имаат за цел подобрување на безбедноста во сообраќајот во РМ. Стефановски – Иџе изрази надеж дека со неговото искуство што го има стекнато на тркачите патеки позитивно ќе влијае и ќе ги насочи младите да внимаваат во сообраќајот и да управуваат со возилата како што треба. Според статистичките податоци, во Македонија имало 148 жртви во 2015 година. 25 проценти од сообраќајките кои завршиле со потешки последици, се предизвикани од млади лица до 29 години, додека 30 проценти од вкупно загинатите лица се млади лица на возраст од 29 години. Секоја година, по 400 илјади млади лица во светото го губат живтото во сообраќајни незгоди, покажува статистиката.