​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

„Како скопјани реагираат на насилство“: Социјален експеримент со загрижувачки резултати

Македонија 7 декември 2018 15:08

Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент во Скопје за тоа како нашето општество реагира на насилството врз жените и девојките. „Многумина од нас биле сведок на насилство врз жена. За жал, сме биле сведок, па можеби и дел, од пасивноста на околните минувачи и очевидци на истото. За таа цел, во склоп на …

Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент во Скопје за тоа како нашето општество реагира на насилството врз жените и девојките.

„Многумина од нас биле сведок на насилство врз жена. За жал, сме биле сведок, па можеби и дел, од пасивноста на околните минувачи и очевидци на истото. За таа цел, во склоп на светската кампања за крај на насилството врз жената, Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент чиј резултат беше разновиден. Не подалеку од очекуваното, многу од сведоците на глуменото насилство реагираа глувонемо на агоничните потреби за помош, но некои од нив пак, кои не можеа да премолчат, потегнаа иницијатива и се најдоа на помош, било тоа со физичко (но не и насилно) вмешување или со повик до Полиција. Да земеме пример од нив! Тие се промената што му ТРЕБА на светот!“ – стои во описот на видеото од експериментот.

„Жената е ќерка, мајка, сопруга. Столб на семејството. Речиси некршлива потпора. Молчењето на било какво насилство, вербално, психичко или физичко, не ја прави жената посилна, исто онака како што и насилството не е мерка за машкост. Вистинската сила е во тоа да се каже стоп за насилството врз жената, без разлика на полот“ – е пораката на крајот од видеото.

„Пријави насилство, повиши го гласот, нека се слушне до бесконечност. #слушнија“ – порачуваат од ММСА.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

19.09.2020

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

19.09.2020

Највисоката во светот – Кулата Џедах

19.09.2020

Кои ќе бидат авионите на иднината

18.09.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.