​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Италијанскaта групација „Витило“ отвори втор погон во Бунарџик, планира и трет

Македонија 1 февруари 2016 17:23

Во Бунарџик од денеска и официјално е отворен вториот производствен погон на италијанската индустриска групација „Витило“. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра и ќе генерира 100 нови вработувања. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вчера во вестите на Сител го најави отворањето на втората фабрика на Технохосе (Vittilo/Витек Македонија). Како што денеска истакна генералниот директор на …

Во Бунарџик од денеска и официјално е отворен вториот производствен погон на италијанската индустриска групација „Витило“. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра и ќе генерира 100 нови вработувања. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вчера во вестите на Сител го најави отворањето на втората фабрика на Технохосе (Vittilo/Витек Македонија). Како што денеска истакна генералниот директор на „Витек Македонија“, Антонио Витило, компанијата предвидува и трета инвестиција наредната година со што вкупното вложување ќе се заокружи на 30 милиони евра, а вработени ќе бидат преку 300 лица. Вицепремиерот Пешевски потенцираше дека новата инвестиција на Витило е уште една потврда за одличната соработка на Владата со странските вложувачи. Вицепремиерот потсети и на најавените инвестиции во Полошкиот регион, во Охрид, Кичево, Штип и Пробиштип кои во фази ќе вработат дополнителни 7.000 лица. – Големиот број инвестиции за краток временски рок е доказ дека не очекува успешна инвестициска година, рекордна по бројот на инвестиции, истакна Пешевски. Според италијанскиот амбасадор Ернесто Белели, реализацијата на втората фаза од инвестицијата на Витило е доказ за довербата на италијанските инвеститори во Македонија. Белели потсети дека во ТИРЗ- Скопје има три италијански компании. Групацијата Витило е присутна во Македонија од 2011 година. Произведува хидраулични спојки за висок поритисок и гумени црева за голем број индустрии. Производството од Македонија е наменето за Европа, земјите на Заливот и Америка. „Витило“ моментно е оперативна на површина од 12 илјади метри квадратни од кои 5.000 се наменети за логистика. Во првата фаза Витило во Македонија инвестираше 5 милиони евра и креираше 50 работни места. На отворањето на новиот погон присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Јанушев: Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции

13.09.2019

ВАРДАРЕ, НЕ ТЕ ОСТАВАМЕ (official video) Група “Асови” со Александар Митевски

05.06.2019

СП Ракомет 2019 Мартин Поповски меѓу избраниците

15.01.2019

Македонија слави пласман во бараж фазата за СП2019 – 2.12.2018

03.12.2018

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.