Институтот за научно истражувачка работа во спортот, во состав на Факултетот за физичко образование, од страна на Агенцијата за млади и спорт доби современа опрема со која ќе се мерат физичките и здравствените перформанси на студентите и спортистите.Во текот на наредната година ќе се набави и дополнителна опрема за потребите на Институтот и таа ќе помогне во процесот на утврдување на перформансите на учениците и на нивната здравствена состојба Со новата опрема која подразбира машини и софтвер преку кое се врши целокупното мерење се прави голем исчекор во насока на развојот на спортот во Република Македонија.Набавката на опремата е дел од проектите на Владата во соработка со Агенцијата за млади и спорт, при што Агенцијата за таа цел оддели 1 милион и 200.000 денари за опремата составена од најсовремен софтвер и апарати.