

Денеска се одржа трета средба помеѓу премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев и Државната изборна комисија, а Димитриев увери дека има и повеќе од доволно време за ДИК да може да го прочисти избирачкиот список до 5 јуни.Ние како Влада,подвлече Димитриев, од самиот почеток разговараат за сите тековни активности на ДИК како и …
Денеска се одржа трета средба помеѓу премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев и Државната изборна комисија, а Димитриев увери дека има и повеќе од доволно време за ДИК да може да го прочисти избирачкиот список до 5 јуни.Ние како Влада,подвлече Димитриев, од самиот почеток разговараат за сите тековни активности на ДИК како и за тоа што како Влада можат да помогнат во новите ситуации.Димитриев потсети дека Владата и сега го дели ставот дека оптимален и реален рок за одржување на избори Димитриев подвлече дека има услови за одржување на избори на 5 јуни, воедно денеска завршува процесот на валидација на базите и може да се започне со вкрстувањето на базите уште денеска или најкасно утре. Димитриев подвлече дека и понатаму ќе се продолжи со воспоставената практика на средби за преку комуникација да се решаваат сите состојби и пред крајните рокови.