

Премиерот Емил Димитриев денеска оствари работна средба со директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, каде беше разговарано на повеќе теми во однос на реализацијата на владините проекти во делот на градба на станови, катни гаражи и други објекти.Димитриев истакна дека е задоволен од динамиката и степенот на реализација …
Премиерот Емил Димитриев денеска оствари работна средба со директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, каде беше разговарано на повеќе теми во однос на реализацијата на владините проекти во делот на градба на станови, катни гаражи и други објекти.Димитриев истакна дека е задоволен од динамиката и степенот на реализација на проектите.Во делот на градба на станови за социјално ранливи групи работите се одвиваат со предвиденото темпо а со истата динамика ќе се продолжи и во иднина.Становите наменети за млади брачни парови, исто така се градат со предвидената динамика. До сега такви станови се изградени во Скопје и Битола, а планирано е да започне со градба и во други градови.По однос на други објекти, до сега претпријатието има изградено две катни гаражи со кои се обезбедија над 700 паркинг места и околу 60% е готова изградбата на третата катна гаража со што ќе се обезбедат дополнителни 200 паркинг места, а се работи и на подготовка на четврта катна гаража кои ќе биде во Охрид.Најголемата помош која што стигнала од Владата, како што истакна Грозданов, се однесувала на подготовките кои се прават за најголемиот настан кој треба да се случи во Македонија, а тоа е одржувањето на фудбалскиот куп на арената Филип Втори.