Интензивно се реализира капиталниот владин проект за “Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“. Досега преку МОН се изградени 55 сали во вкупна вредност од околу 1,66 милијарди денари. Бенефитот веќе го чувствуваат повеќе од 45.000 ученици од основните и средните училишта, подеднакво застапени во сите рурални и урбани средини. Во моментов 7 спортски сали се во фаза на градба, а до крајот на годината ќе започнат да се градат уште 7, доколку општините во чии рамки се предвидени да бидат изградени, ги овозможат сите неопходни услови. Последен пример за тоа е спортската сала Оризари која што се градеше и беше ветена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски дека ќе се стави во употреба во најбрз можен рок при неодамнешната посета на Оризари во месец декември минатата година.Тоа ветување се оствари. Десетина дена по посетата беше пуштена во употреба салата а вчера Груевски ја посети салата која се користи во Кочанско Оризари, и е втора од ваков тип на територијата на Општина Кочани.Ова е 55та сала која ја гради МОН, а заедно со агенцијата на Млади и Спорт досега се изградени 83 спортски сали. Заедно со спортските сали кои се во фаза на градба догодина се очекува да се започне со градба 100-та спортска сала