Известувачот во Комисијата за импичмент во Долниот дом на бразилскиот Парламент, Жоваир Арантес изјави дека има доволно основа за започнување процедура за смена од должноста на претседателката Дилма Русеф. Членовите на Комисијата – 65 пратеници од сите парламентарни партии, имаат два дена да извршат измени во текстот на известувачот пред да го одобрат в понеделник на 11 април со апсолутно мнозинство гласови. Извештајот потоа ќе биде претставен на 15 април на пленарна седница на Долниот дом, кој ќе гласа по него на 18 април. На опозицијата и потребно дветретинско мнозинство од гласовите на пратениците за узвојување на Извештајот, по што предлогот ќе биде ставен пред Сенатот, кој ќе одлучи дали да започне процедура за смена на Русеф.