Основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово и средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка се избрани за училишта со најдобри веб страници. На јавниот повик на Министерството за образование за избор на најдобра веб страница за учебната 2014/2015 година се пријавиле 17 училишта од кои 10 средни училишта и 7 основни училишта. Веб страниците се изработени од самите ученици, предводени од наставниците.
Во категоријата за основни училишта во потесниот круг влегоа училиштата „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, „ Кочо Рацин“-Куманово и „Ванчо Прќе“ од Штип, а во категоријата средни училишта влегоа училиштата „Здравко Цветковски“-Скопје, „Наум Наумовски Борче“- Крушево и „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека проектот за избор „ Најдобра училишна бев страна“има за цел да ја поттикне креативноста и квалитетот во изработка на училишните веб страни, но и натпреварувачкиот дух меѓу учениците.
Кака награда училиштата што изработија најдобри веб страници ќе добијат интерактивна табла , додека другите училишта кои влегоа во потесниот круг ќе добијат пофалници од Министерството за образование и наука, за изразената креативност.
