Терористичката организација Исламска држава синоќа објави видеоснимка, која според нив ги покажува последните зборови на деветмината напаѓачи на 13 ноември минатата година во Париз, кога убија 130 лица. Автентичноста на снимката не е потврдена, а француското Министерство за надворешни работи одби да даде коментар. Видеото беше објавено на официјалниот сајт на ИД и на него се прикажани некои од напаѓачите, облечени во маскирна облека во пустински предел пред нападите во Париз.