Североисточно од Дамаск, се наоѓаа остатоците од некогашниот културен центар Палмира.Палмира беше наследство на сите култури во светот, остаток од цивилизација која и припаѓа на секој жител на планетата земја.Некогашниот центар на светот, лулката на светската култура и цивилизација, денеска е центар на уништување на се она што е свето, без разлика дали си будист, христијанин, муслиман или пак атеист.Не е свето само за џихадистите од Исламска државата, кои откако ја освоија Палмира ја срамнија со земја со што засекогаш е изгубено она што илјадници години беше чувано како „зеницата во окото“.По многуте снимки од уништувањето на древниот сириски град, екипа шведски новинари одлучила лично да се увери во каква состојба се наоѓаат зградите кои се постари повеќе од 20 векови. За жал, снимката била поразителна.Новинарите на автобусот кој возел низ градот ставиле скриена камера, а по враќањето во Дамаск ја прегледале снимката.Баловиот храм повеќе не постои, Капијата на победата е срамнета со земја, вредните скулптури денес се само куп камења. Древниот град кој преживеал 2.000 години, не успеал да ги преживее и монструозните џихадисти.