Зума со скршена нога го заврши натпреварот против Јунајтед

Сезоната за Курт Зума најверојатно заврши откако вчера се здоби со тешка повреда на натпреварот кој Челзи го играше против Манчестер Јунајтед. Страшната повреда се случи во 57-мата минута во натпреварот против „Црвените ѓаволи“, кога дефанзивецот Зума сам си ја скрши ногата. Официјална потврда за тешката повреда се уште нема, но медиумите од Островото тврдат дека Зума многу лошо ја има скршено ногата. Тренерот на Челзи, Гус Хивинг по вчерашниот натпревар изјави дека во текот на денешниот ден ќе му бидат направени детални прегледи и проценки за неговата состојба.