​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Фросина Ременски, Костадин Костадинов на еден или друг начин се поврзани со милионскиот рекет“

Изјави 6 август 2019 14:25

Градоначалници, министри, обвинители и судии, две години се впуштиле во соработка со Бојан Јовановски наречен Боки 13, лице неколкукратно осудувано за финансиски криминал и финансиски малверзации. Боки 13 е финансиски криминалец – повратник. Тој човек без поткрепа од власта не можел да изнудува пари за кои што е осомничен. Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Фросина Ременски, …

Градоначалници, министри, обвинители и судии, две години се впуштиле во соработка со Бојан Јовановски наречен Боки 13, лице неколкукратно осудувано за финансиски криминал и финансиски малверзации. Боки 13 е финансиски криминалец – повратник. Тој човек без поткрепа од власта не можел да изнудува пари за кои што е осомничен. Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Фросина Ременски, Костадин Костадинов на еден или друг начин се поврзани со милионскиот рекет. Половина влада и СДСМ се членови на „Меѓународниот сојуз“ на Јовановски преку кој што се вршени злоупотребите и е собиран рекетот, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Јавното обвинителство покрај проширувањето на истрагата кон Јанева, која според изјавите на Русковска била алатката со чија помош е вршен рекетот, мора да ја прошири истрагата и да ја испита поврзаноста на Заев, на Шекеринска, на Ременски, и на Костадинов и другите со милионскиот рекет.
Почитувани, За неверување е дека премиер не знаел со кого министрите и градоначалниците, па дури и самиот тој потпишувале меморандуми за соработка. Боки 13 е неколкукратно осудуван за финансиски измами. Осуден е за измама од 50 илјади евра во 2010-тата година. Претходно за 2,5 илјади евра земени со измама во Радовиш, па осуден за невратени 7 илјади евра на госпоѓа од Скопје. Осуден од хотел во Белград за неплатен луксузен престој внимавајте на име на „хуманитарна организација“. Осуден за носење скоро 10 илјади евра во готово преку граница. Неговите делувања и доживувања се општо познати, не се тајна.“

Според Стоилковски Заев и сиот општествено државен врв околу него морале да знаат со кого склучуваат меморандуми, со кого соработуваат, а граѓаните не се ниту наивни, ниту глупи, да поверуваат дека Заев и тие околу него ништо не знаеле и дека биле измамени.

-Уште помалку Катица Јанева можела да биде измамена и злоупотребена. Под своја команда го има сето СЈО, обвинители, истражители и правосудна полиција во состав од вработени од БЈБ, УБК, УЈП, Централен Регистар, Финансиска полиција, Царина и Управата за финансиско разузнавање. Заев, Шекеринска, Ременски, Костадинов и Јанева, па и самата Русковска знаеле дека Јовановски е криминалец. Па оттука се поставува прашањето, зошто ако немале ист интерес, тие постојано се околу него?, посочи Стоилковски и подвлече:

„„Рекет“ на површина го вади сврзното ткиво на октоподот, криминогениот карактер на членовите на општествената власт. Рекетот го покажуваа сиот сјај на државната мафија! „Рекет“ е сликата за недемократското владеење, за блескањето на Зоран Заев, за судството во пупка, за Обвинителството за политички прогон и прогон на неистомисленици. „Рекет“ покажува дека граѓаните не веруваат во системот, дека немаат институција која што може да ги заштити. Е во тоа блеска општеството на Заев. Блескаат само Кики, Фрики, Коки, Зоки-Поки, блескаат ликови од криминалното подземје. Криминалниот октопод мора да биде разобличен. Тоа со Заев на власт не е можно. Потребни се итни предвремени парламентарни избори и финансиски независно и правно политички непристрасно Јавно обвинителство.“

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.