​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Горан Сугарески треба да се засрамат и да прекинат да промовираат проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Изјави 22 јануари 2019 15:51

Очигледно на Заев многу нагло му дојде чист воздух на Алпите во Гармиш-Партенкирхен. Ако поседеше уште малце на чист воздух, можеби ќе ветеше и 2.000 километри автопат. Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Горан Сугарески после 2 цели години спиење и неработење ништо, нереализирање на ниту еден проект, треба да се засрамат и да прекинат да …

Очигледно на Заев многу нагло му дојде чист воздух на Алпите во Гармиш-Партенкирхен. Ако поседеше уште малце на чист воздух, можеби ќе ветеше и 2.000 километри автопат.

Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Горан Сугарески после 2 цели години спиење и неработење ништо, нереализирање на ниту еден проект, треба да се засрамат и да прекинат да промовираат проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешната прес конференција на ова катастрофално трио од владата, беше само промоција на сите инфраструктурни проекти кои се започнати од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Овие неработници потрошија неполна година стопирајќи се што беше започнато од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, за сега повторно да ги продолжат истите проекти и да ги промовираат. Автопатот Миладиновци – Штип е патен правец кој повеќе од половина беше изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид исто така беше оставен во напредна фаза на реализација. Сите останати зафати надвор од предвиденото што се правеа од оваа Влада на овие делници, како што пишуваа медиумите беа само дополнителен сомнеж за испумпување финансиски средства од дополнителната изградба.

Ве молам да проследиме видео на кое може да се види во која фаза е оставен автопатот Миладиновци – Штип, пред ВМРО-ДПМНЕ да си замине од власта.

Сега би ве замолил да го проследиме видеото од состојбата на автопатот Кичево – Охрид и во која фаза е оставен, пред ВМРО-ДПМНЕ исто така да си замине од власта.

Почитувани,

Како што можевте да видите пробиени и реализирани во напредна фаза и двете делници.

Овие два автопати во вкупна должина од над 100 километри се најголемиот инфраструктурен зафат во независна Република Македонија и истите се започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Заев може да лаже колку сака, бидејќи и друго не знае.

Доказот дека Заев лаже го погледнавте на овие две видеа и самите. Нема што повеќе да говориме.

За жал, сега СДСМ нема ниту 50% реализација на капиталните инвестиции кои самите ги проектираа на почетокот на годината.

Почитувани,

За волја на вистината лажат и за експресните патишта. Се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ, дел со изработени физибилити студии, а дел и со почната изградба, а дел како патните правци, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и Штип – Кочани кои што исто така се од страна на ВМРО-ДПМНЕ се реализирани.

Да се разбереме. СДСМ не гради 770 километри патна мрежа низ Македонија, СДСМ само ја доградува патната мрежа која беше однесена во напредна фаза на реализација од страна на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Голем број на проекти кои беа завршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Демир Капија – Смоквица, со кој оваа власт се фалеше беше целосно готов и чекаше само на пуштање во употреба скоро цела година. Најверојатно не можеа цела година да најдат трубачи, музика за да го пуштат во употреба.

СДСМ се неспособни, немаат капацитет и факт е дека паметот единствено им е во личниот интерес. Затоа, треба што побрзо да си заминат од власта, бидејќи граѓаните веќе ја изгубија довербата во нив.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.