​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

„Зоран Заев го згази правниот систем“

Изјави 14 август 2019 15:10

Се повеќе докази испливуваат од мрачното подземје каде функционира оваа власт, оваа државна мафија! По Леонардо, Порошенко, Рекет, испливуваат и докази и сведочења за местење и директни наредби во судството! Испливува спрегата на Државната мафија со Рускоска/Јанева обвинителствата и Кацарска судството! Без срам, Зоран Заев признава дека му се јавувал на Блерим Беџети, одговорен за …

Се повеќе докази испливуваат од мрачното подземје каде функционира оваа власт, оваа државна мафија! По Леонардо, Порошенко, Рекет, испливуваат и докази и сведочења за местење и директни наредби во судството! Испливува спрегата на Државната мафија со Рускоска/Јанева обвинителствата и Кацарска судството! Без срам, Зоран Заев признава дека му се јавувал на Блерим Беџети, одговорен за правните работи во ДУИ, на истиот Беџети кој што директно го обвини дека Заев вршел притисок врз него да влијае на одлуките на Судскиот совет за смена на претседател на Суд и тоа да биде завршено до септември, според зборовите на Беџети!, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Без срам, Заев признава дека му се јавил на Беџети за Јово Вангеловски. Според датата која што ја наведе Беџети, тогаш беше суспендиран Владимир Панчевски, а беше одложена расправата за разрешување на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Па, Заев, ако признаваш дека си зборувал со Беџети за Вангеловски, ајде признај и за што си зборувал со Васко Ковачевски за тендерите со ископот во РЕК Битола? За што разговараше со Китанов за експресниот пат Штип – Радовиш? За што разговараше со Филипче за тендерот за стерилизација во Италија? За што разговараше со Ден Дончев и Киче за оние 11 милиони евра од „Диамед“? Заев, директно да одговориш, дали си нарачал Јово Вангеловски да биде разрешен до септември?“

-Ова е јасен доказ за нарачани судски одлуки, местење на судски процеси, местење и нарачки на членови и распоредување на судии, ова е јасен доказ за целосна зависност, потчинетост, окупација на правниот систем во Република Македонија! Ова е доказ за киднапираното судство, за судство кое работи по нарачка, за судство кое заедно со киднапираното Русковска – Јанева обвинителства се спроведуваат политички монтирани процеси против неистомисленици. Ова е доказ дека и вчера Заев повторно упати јасни сериозни закани кон новинари. Ова е доказ за политички режим и диктатура!, потенцираше Стоилковски и подвлече:

„Заев го згази правниот систем, Заев го уништи телото за реформи според барањата на Прибе и ја киднапираше судската независност. Заев, аболицираниот криминалец, е човекот кој сам себе се ослободи за „Поткуп“, едно Евро за Вицето, едно за црквата. Тој е човекот кој што го згази достоинството на парламентот, секојдневно го рекетира бизнисот, сега го киднапира буџетот додека граѓаните тонат во сиромаштија, а државата ја прикова на дното. Тој е човек кој што сам обвинува, сам суди и пресудува, и сам егзекутира! Зоран Заев ниту е чесен, ниту е достоинствен за функцијата. Зоран Заев е срам за државата и тој срам се повеќе меѓународно се шири. Зоране Заев, ништо помалку од оставка повеќе не е валидно од тебе. Оставка веднаш и Собранието на Република Македонија да распише предвремени избори!“

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Добро е што Заев се одважи да признае дека инвестицијата Кранфилд фаундри во Пробиштип ја донесе ВМРО-ДПМНЕ

11.12.2019

Мицевски: СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева и секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот

13.09.2019

Јанушев: Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции

13.09.2019

Трипуновски: Квази мерката „Зелена нафта“ е фиктивна и нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци

31.07.2019

Најнови видеа

1:49

Венко Филипче е одговорен за уништување на инсулин со валиден рок

Изјави 12.12.2019
1:46

Неловски: СДСМ троши илјадници евра за партиско рекламирање, а за еден ден ги задолжија граѓаните за нови 300 милиони евра

Изјави 12.12.2019
5:21

Поради неодговорно работење на директорот на АМС, првиот дел од 6 милиони евра доделен од АМС на федерациите и спортските клубови е невалиден

Изјави 12.12.2019
3:15

Добро е што Заев се одважи да признае дека инвестицијата Кранфилд фаундри во Пробиштип ја донесе ВМРО-ДПМНЕ

Изјави 11.12.2019
1:28

Aко Филипче утврдил сомнителен инсулин, зошто тогаш нема постапка за одговорност, фатени се живи како прават малверзации со валиден инсулин

Изјави 11.12.2019
1:48

Кузмановска: Заев го сврте бројчаникот, долгот денеска отчука 5,6 милијарди евра

Изјави 11.12.2019
2:19

Апостолоски: Граѓаните немаат елементарни потреби за нормално живеење, а Наумоски ќе вработува нови 13 партиски пајташи кои општина Ѓорче Петров ќе ја чинат половина милион денари месечно

Изјави 11.12.2019
2:46

Филипче фатен во лага, владината Малмед тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци, потребна е кривична одговорност

Изјави 10.12.2019
35:10

Мицкоски: Ќе поднесеме амандмани на Законот за јазици за тој да стане уставен, политиканството на Заев се удира од глава, ако се за правда, власта ќе ги поддржи

Изјави 09.12.2019
3:54

Андоновска: Валидниот инсулин кој МЗ го уништи е од најреномираната данска фирма, се отвора сомнеж за нов тендер за фирма подобна за власта

Изјави 09.12.2019
9:34

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

Изјави 08.12.2019
3:50

Презентирани докази дека власта уништила инсулин вреден еден ипол милион евра со валиден рок на траење, се бара одговорност

Изјави 08.12.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.