Зоран Дамјановски го кочи проектот за изградба на спортска сала

Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Куманово, на денешната прес-конференција обвини дека кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски свесно ги блокира инвестициите на Владата.Дамјановски овој пат ја оневозможува изградбата на училишната спортска сала во состав на средното училиште „Перо Наков“, истурен објект во поранешната касарна „Карпош“, која е дел од капиталните владин проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.Петковски прашува она што јавноста сака да знае: дали причината е тоа што оваа активност е всушност ветување и дел од програмата на ВМРО – ДПМНЕ или пак причината е што не постои можност да присвои дел од инвестицијата вредна 24 милиони денари.