Мега агендата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за посета на населените места во Македонски Брод и Прилеп и прилепско заврши вчера во вечерните часови со посета населените места Могилец и Самоков каде имаше средби со граѓани и промоција на нови проекти.
Беше посетен новиот пат за Могилец кој во должина од 3,5 километри е реализиран со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и општината во вкупен износ од 18 милиони денари.Општина Македонски Брод преку средства од Агенцијата има асфалтирано 600 метри улици во износ од 10 милиони денари во село Самоков до новата населба Сувенир.Се планира во пештерата Пешна да се изградат две патеки со травертин плочки кои ќе бидат осветлени и таа да стане значајна туристичка атракција. Во Самоков Груевски го посети и новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште кое е дел од 59-те игралишта што досега ги има изградено Агенцијата за млади и спорт (АМС) ширум Македонија. Игралиштето, како што информира директорот на АМС Марјан Спасески, е во завршна фаза и останува само да се приклучат рефлекторите за ноќно користење.Градоначалникот на Македонски брод Војневски истакна дека општината во соработка со Агенцијата за Млади и спорт има реализирано бројни проекти за младите во општината, две спортски сали, фудбалски стадион, тениско игралиште, мултифункционално игралиште, и се чека ново баскет игралиште.При средбата со граѓани беше најавена и изградба на нови два патни правци за селата Звечани и Волче, која ќе стартува во среда.Претходно Груевски го посети и прилепското село Коњари каде се инвестира во асфалтирање на нови улици, и се изгради нова примарна канализација, а во тек е изградба и на нов плоштад.Граѓаните истакнаа дека се задоволни од работата на градоначалникот и инвестициите на владата.
