Земјоделците од велешко Иванковци се задоволни од откупните цени на тутунот, велат дека цените се реални и дека соодветствуваат со квалитетот на понуденото. Тие му порачуваат на заменик-министерот од СДСМ Љупчо Николовски дека се задоволни од актуелната Влада и нема потреба да има компликации.Тутунарите од Иванковци велат дека по однос на квалитетот и квантитетот, цените за откуп се реални и се задоволни со истите и покрај тоа што оваа година временските услови не им беа наклонети.Инаку исплатата на првите откупени количества започна минатата недела, а откупувачите се придржуваат на договореното да исплаќаат во рок од седум дена од преземањето на родот.