Велосипед, викенд во Охрид и ролерки се трите награди кои денеска ги добија најверните фанови на „Зелениот караван“ на ,,Healthy food” by Zegin и маркетинг агенцијата „Маркетинг Микс“ со што се заокружи овој двомесечен проект.
Дарио од Прилеп и две дечиња од Пробиштип беа среќните добитници кои покрај знаење за здравата храна и придобивките од неа си добија и награди.
Со „Залениот караван“преку интерактивни, креативни програми беа едуцирни повеќе од 2.200 дечиња од вкупно 19 градинки низ целата држава за тоа како да стекнат здрави навики поврзани со органската исхрана и како најдобро да се грижат за сопственото здравје.
Гордана Ампова од Зегин денеска истакна дека целта на овој караван е да се запознаат децата со здравата храна и здравиот начин на живот уште од најмали нозе.
Ампова посочи дека во проектот била вклучена и нутриционистката Драгица Зенделовска која била задолжена на интересен начин да ги запознае децата со значењето на здравата храна за здравјето и здравите навики.
Таа посочи дека „Зелениот караван“ нема да запре овде. Таа најави дека од септември стартуваат со многу пообемна програма според која покрај градинките ќе бидат опфатени и основните училишта.
