​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Здравковски: Велешани немаат веќе трпение за празните ветувања и шарените лаги на Коцевски

Изјави 15 мај 2019 16:35

Две години поминаа откако СДСМ и ДУИ ја превземаа локалната и централната власт во речиси цела држава, и овој бран на неработење и пустош не го избегна и Велес како еден од градовите кои дадоа многу, но и најмногу изгубија од погубните политики на овие деспоти. Две години откако на чело на локалната власт е …

Две години поминаа откако СДСМ и ДУИ ја превземаа локалната и централната власт во речиси цела држава, и овој бран на неработење и пустош не го избегна и Велес како еден од градовите кои дадоа многу, но и најмногу изгубија од погубните политики на овие деспоти.

Две години откако на чело на локалната власт е господинот Коцевски, и две години напразно очекување да отпочнат со реализација некои од неговите ветени проекти во изборната програма.

Ветувањата и проектите останаа заборавени во неговата изборна програма, а секое негово излегување во јавност е само низа изговори, оправдувања, барање виновници низ минатото и нови шарени лаги.

Ветивте затворен градски базен, а го затворивте и отворениот. Единственото место кое за и онака нискиот стандард на Велешани беше достапно за разладување во летниот период.

Пред точно една година, во април 2018 година на прес конференција од општинската администрација беше објавено дека таа сезона базенот нема да работи бидејќи е ризичен, и ги замоливте граѓаните да бидат трпеливи, дека ќе биде најдено решение. И тие беа трпеливи Коцевски, но една година подоцна, поточно 02/2019 год. излеговте и најавивте дека не само што ќе биде ставен во употреба градскиот базен, ами и дека до него ќе се гради нов затворен базен.

Сега е веќе средина на мај, а градскиот базен нема ниту градежни зафати, ниту некој се движи таму, и повторно ќе побарате од граѓаните да бидат трпеливи.

Велешани господине Коцевски немаат веќе трпение за вашите празни ветувања и шарени лаги. Доста им е од ветувања кои се само предизборен трик, ве прочитаа и никогаш повеќе нема да ја вратите довербата, а тоа јасно ви го кажаа и на последните избори на кои бевте катастрофално поразени со речиси 3.000 гласови разлика и пад од цели 6.500 гласови за две години, а за тој резултат сте виновни единствено Вие – челниците на градот поставени од владејачката гарнитура.

Вие знаете, но знаат и граѓаните дека формиравте две нови јавни претпријатија за паркинзи и за гасификација, претпријатија кои по една година постоење немаат ниту своја годишна програма за работа ниту некаков проект, а не па приход кој ќе влегува во општинската каса, претпријатија кои служат само да се вдоми по некој партиски кадар и да зема плата.

Постоечките јавни претпријатија кои никогаш не работеле со загуба сега  прикажуваат и тоа континуирано зголемена загуба, Јавното комунално претпријатие „Дервен“ и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Спорт Парк“ – работат со загуби, а неумеењето да се менаџира  и да се постават вистински професионалци доведе само до чести менувања на раководните лица, од кои  дел сами си поднесуваат оставки, и сето тоа уште повеќе ги хаотизира работите, а претпријатијата тонат, па сега поради лошите резултати, дополнително се дрзнувате да ги прераспоредувате работниците на други работни места, единствено затоа што тие не се ваши истомисленици и не ги поддржуваат погубните политики.

Нема ниту катни гаражи, нема паркинг простор, нема трговски деловен центар, градски пазар, нема атмосферска канализација која ви беше предвидена во изборната програма и досега требаше да биде реализирана, но се уште има тука азбести цевки – а ветивте град без азбест – нема ништо од она што го ветувавте – доста е Коцевски.

Велешани видоа доволно за овој период, ама не го видоа она што вие го ветивте – гледаат само смет, ископани улици со дупки кои ниту не се санираат, ниту имате намера да ги поправите, гледаат депонии кои горат со месеци, загаден воздух кој ги уништува, ги гледаат зголемените давачки по неколку основи на сметката на секој граѓанин, ја гледаат поскапата вода и што уште треба да видиме?!

Вие Вашето си го кажавте Коцевски, а граѓаните едвај чекаат да си го кажат своето на следните избори.

Колку побрзо сфатите дека проблемот е во вас, а не во народот, толку подобро ќе биде за и градот и за граѓаните.

Коцевски до крајот на вашата политичка кариера остануваат уште две години. Време е да почнете да работите нешто, за како – така достоинствено да заминете во историјата.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.