Македонија следната година ќе добие нов автопат според сите стандарди, а граѓаните за само 30 минути ќе може да стигнат од Скопје до Штип. Министерот за транспорт и врски денес изврши увид во градежните работи за изградба на автопатот Миладиновци-Штип, по што истакна дека пробиена е целата траса. На автопатот Миладиновци-Штип ќе има 7 клучки. Изградбата на овој автопат започна во мај 2014-та година, а веќе следната година ќе возиме по комплетно нов автопат. Инвестицијата е вредна 206 милиони евра, обезбедени со меѓународна поддршка.