​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

За малку избегнат судир на македонското небо – поради грешка на властите

Македонија 2 јули 2019 11:13

Два авиони за малку ќе се судреле на македонското небо, на осми мај, поради негрижа на македонската контрола за летање, која не успеала да ги координира авионите, па снаодливоста на пилотите спречи огромна трагедија, дознава Економски Лидер. На осми мај оваа година, огромна катастрофа е избегната на македонското небо. Овој скандал кој М-НАВ го крие веќе …

Два авиони за малку ќе се судреле на македонското небо, на осми мај, поради негрижа на македонската контрола за летање, која не успеала да ги координира авионите, па снаодливоста на пилотите спречи огромна трагедија, дознава Економски Лидер.

На осми мај оваа година, огромна катастрофа е избегната на македонското небо. Овој скандал кој М-НАВ го крие веќе два месеци, Економски Лидер ексклузивно го објавува.

Контролорот на летање и близок пријател на претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Николче Тасески, издавајќи погрешна инструкција буквално довел два авиони во состојба да се судрат. Има укажувања дека погрешната инструкција директно предизвикала целосно да се изгуби контрола над ситуацијата, а пилотите биле оставени сами на себе. Благодарение на алармот на инструментите во пилотските кабини, пилотите спречиле голема трагедија – дознава Лидер.

Во овој инцидент инволвирани се два авиони:

-Првиот авион на линија Атланта – Истанбул, на компанијата „Туркиш ерлајнс“, тип ербас А330-200, со регистрација TC-JND регистриран во Турција кој може да носи 335 патници и
-Вториот авион на линија Тел Авив- Амстердам,на компанијата „Трансавиа“ TRA5800, тип боинг 737-7К2, со регистрација PH-XRD регистриран во Холандија, кој може да носи 149 патници.

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ летал безбедно скоро 9000 км од Атланта, САД до Истанбул,Турција, но над Дојранско езеро во Македонија на само 500км воздушна линија од Истанбул за влакно избегнал судир со друг авион кој летал во спротивна насока.

Како што дознава Лидер, претходно, 7 до 8 минути пред инцидентот авионот на „Туркиш ерлајнс“ од кај Качаник, Косово влегол во воздушниот простор на Македонија и уредно се јавил на македонската контрола на летање. Бил лоциран и препознаен од контролорот на летање со помош на радарскиот систем и од тогаш бил под водство на македонската контрола на летање. Кога авионот на „Туркиш ерлајнс“ бил близу до излезот од македонското небо над Дојран на врска на македонската контрола на летање се јавил авионот на „Трансавиа“ кој пак требал да влезе во македонскиот воздушен простор над Дојран. Уредно е лоциран и препознаен со помош на радар од истиот контролор на летање. Од тогаш и „Трансавиа“ е под водство на македонската контрола на летање, т.е. истиот контролор на летање. Авионот на „Трансавиа“ доставил барање до контролорот за повисоко ниво на лет.

Контролорот, според информациите на Лидер, без да ја анализира и увиди состојбата во воздушниот простор веднаш тоа го одобрил и со тоа ги довел во огромна опасност од судар двата авиони бидејќи авионот на „Трансавиа“ поминал низ патеката на движење на авионот на „Туркиш ерлајнс“ во моментот кога скоро биле на иста висина, најверојатно околу 29.000 фити, или 8,8 килуметри, и многу блиску еден наспроти друг движејќи се со брзини од 750-950 км на час во правец на директен судир.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

19.09.2020

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

19.09.2020

Највисоката во светот – Кулата Џедах

19.09.2020

Кои ќе бидат авионите на иднината

18.09.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.