За два месеци Велес ќе добие модерна фитнес зона

За два месеци Велес ќе добие фитнес зона, со што градот станува првата општина во Македонија која ќе добие ваква модерна фитнес зона.Зоната е дел од новиот проект на АМС за изградба на 20 фитнес зони, ширум целата држава. Фитнес зоната ќе се простира на површина од 180 метри квадратни, на гумирана подлога, 8 реквизити а ќе се постави и урбана опрема како и информативна табла за користење на справите.Градоначалникот Чадиев порача дека само на ваков начин се помага во психо-физичкиот развој на младите и се води вистинска борба против пороците на модерното општество.Општината Велес е влезена и во проектот за изградба на 150 игралишта за „street basket”, за што веќе сме во тендерска процедура за избор на фирма која ќе го направи основниот проект. По изработката на проектот, ќе следи тендерска процедура за избор на изведувач, а на почетокот на 2017 година се очекува да започнат со градба и овие проекти, информираше Спасески.