Започнува активноста „Се бориме за секое работно место“

„Се бориме за секое работно место“ е нова активност која денеска ја презентираше заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.Оваа активност ќе ги таргетира и невработените лица и работодавачите и има за цел кариерно советување и давање информации за отворените работни места.Целта на активноста е да се допре до сите активни баратели на работа, да им се понудат слободните работни места и исто така да им се понудат мерките за вработување кои што ги нуди државата.Во моментов според податоците на Агенцијата за вработување, во Македонија има над 4.900 слободни работни места во домашните и странските компании.Покрај форумите за работодавачи, планирано е да се одржат и форуми за активни баратели на работа, потоа форуми со невработени лица од 30-40 години и форуми со лица над 50 години.Оперативниот план за активни мерки и политики за вработување почнува на почетокот на 2016 година, за што е обезбеден е буџет од околу 710 милиони денари и планирано е да се остварат над 8.700 вработувања.