Започна уривањето на бесправно изградениот склад на „Пелагонија“

Започна уривањето на складот на компанијата во стечај ГП „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода на булевар„ Борис Трајковски“. Според деталниот урбанистички план на Кисела Вода реон Ј, четврт Ј13 овој објект е бесправно изграден објект и денеска беше спроведено решението за негово уривање. Со полициски надзор екипите на градежната фирма „Анизор“ и од општина „Кисела Вода“ го започнаа расчистувањето на магацините кои веќе повеќе години беа празни и напуштени. Со денешниот настан заврши деветгодишната голгота на семејството Тасеви на кои со законот за денеционализација ова земјиште им било вратено на 20.09.2007 година. Околу 7000 квадратни метри земјиште е вратено на сопственичката Божана Тасева,а од денеска ќе биде достапно за најзините 4 внуци. Хангарите во складиштето на компанијата во стечај „Пелагонија“ требаше да бидат урнати уште пред две години.