

Премиерот Никола Груевски изврши увид во градежните активности за реализација на проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини во Македонија.Новата наплатна станица кај Демир Капија ќе има 8 сообраќајни ленти за наплата на патарина, а кај Гевгелија ќе биде со десет ленти. Пет сообраќајни ленти ќе имаат наплатните станици кај …
Премиерот Никола Груевски изврши увид во градежните активности за реализација на проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини во Македонија.Новата наплатна станица кај Демир Капија ќе има 8 сообраќајни ленти за наплата на патарина, а кај Гевгелија ќе биде со десет ленти. Пет сообраќајни ленти ќе имаат наплатните станици кај Сопот и Отовица.Патарините ќе се поминуваат на два начина: Со купување на припејд или постпејд електронски уред. Возилата нема да имаат потреба воопшто да застануваат, туку при нивното приближување, наплатата автоматски ќе се евидентира во нивните електронски уреди.Реализацијата на овој проект ќе придонесе за нудење поквалитетни услуги на македонските автопатишта.Наскоро ќе започне и реконструкцијата на автопатската делница од Скопје до Куманово во двата правци, инвестиција во вредност од 16 милиони евра.Со воведување на новиот интегриран систем за наплата на патарини, појасни директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов, возилата кои ќе ги имаат уредите нема да имаат потреба да застануваат, туку само да ја намалат брзината на 30 километри на час. На останатите сообраќајни ленти наплатата ќе се врши со користење безконтактни смарт картички.